Прашан дали последната донирана транша вакцини Фајзер од Бугарија , ќе има време да се аплицира до крајот на нивната трајност-крајот на септември, истакна дека очекува тие дози да се потрошат во наредните 4-5 дена ако се има предвид дека бројот на вакцинирани на ден е околу 10.000 лица.

Министерот нагласи дека нема да се откажат од мерката од октомври, на луѓето во затворените простори, при учество на настани, во молови, ресторани да им се бара сертификат за вакцинираност со две дози. Но, притоа додаде дека можеби ќе бидат дадени 2-3 недели за да се вакцинираат што поголем број граѓани.

– Околу можноста да се воведе трета доза вакцина, Филипче рече се следат анализите во кои најдалеку е отидена Фајзер за тоа дали и за кои лица е потребна бустер доза, како и за тоа дали први би биле имунокомпромитираните лица или сите. Ќе чекаме да излезат официјалните студиите и потоа ќе излеземе со соодветна препорака, рече Филипче.

Колку сме блиску до колективен имунитет, Филипче рече дека сеуште далеку и дека има разлика кај различни возрасни генерации. Вкупниот опфат на вакцинација е 37% на целокупно население со една доза. 45%-46 % од населението над 18 години и околу 55-56% повозрасните генерации.

Министерот спомена дека кај вакцинираните состојбата се подобрува во однос на степенот на зараза , а дека кај невакцинираните таа се влошува. Тој го сподели податокот дека над 87% од новодијагностицираните случаи со Ковид 19 , се лица кои не биле вакцинирани, и над 90% од починатите во последниот период биле невакцинирани лица. Таму каде опфатот со вакцинација е низок преоптоварен е и здравствениот систем односно болниците

Околу можноста да се воведе задолжителна вакцина, министерот рече дека по ова посегаат се повеќе земји од светот првично за одредена категорија граѓани и вработени, но дека светот се движи и кон оваа можност со оглед на ширењето на заразата.