Системот за масовна вакцинација функционира беспрекорно уште од вториот ден по започнувањето на оваа операција. Само во текот на вчерашниот ден се аплицирани 9123 вакцини од кои 7963 прва доза а останатите ревакцина.Досега се вакцинирани 74076 граѓани, а согласно последните бројки 25% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Апелирам граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk и да се вакцинираат. Со ова темпо на вакцинација и капацитетите кои постојано ќе ги надградуваме имаме можност за релативно брзо време да постигнеме добар колективен имунитет, напиша министерот Венко Филипче на Фејсбук.