Финансиска поддршка за младите македонски каратисти

Министерот за спорт, Борко Ристовски, ги пречека младите македонски каратисти, кои со голем успех настапија на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21, одржано во Лимасол, Кипар.

На овој европски шампионат најзначаен резултат оствари македонскиот репрезентативец, член на Карате клубот Олимпик, Матеј Белистојаноски, кој го освои златниот медал и титулата европски шампион во категоријата до 67 килограми, У21. Вториот медал за Македонија на ЕП 2026 во Лимасол, го освои младиот и талентиран каратист од Карате клубот Металург, Немања Младеновиќ, кој се закити со сребрен медал во категоријата над 70 килограми.

За успехот што го остварија на европскиот шампионат, овие млади македонски спортисти ќе добијат и финансиска поддршка од Министерството за спорт, соопшти министерот Борко Ристовски.