Продукти на компанија која произведува земјоделски производи во југоисточна Македонија, завршувале на рускиот пазар и покрај тоа што Македонија има воведено санкции за овој пазар – дознава Радио Лидер.
Како што дознаваме, веќе се води меѓународна истрага за овие дејствија, кои вределе милиони евра а во кои биле вмешани и канали од соседна Бугарија.
Во опсежното истражување кое го спроведува Радио Лидер, стигнавме до шокантни документи за тоа како оваа компанија била фаворизирана од претходната власт во нашата земја, која и овозможила поволна земја под концесија и ги ставила нивните продукти на листата на продукти за добивање на субвенции баш кога тие почнале да ги произведуваат.
Во исто време, интересно е што 100% од проектите завршувале за извоз а приходите кои ги имала компанијата за неколку многу пати ги надминувале расходите, што ја прави сомнителна за перење на пари.
Како што дознаваме, скриен сопственик на оваа компанија е еден новинар од Македонија, кој користејќи ги своите лични врски со претходната влада и министерот Љупчо Николовски успеал од државата да ги добие сите поволности. За што поседуваме документи.
Друг сопственик на компанијата е бизнисмен од Скопје, кој се бави со бизнис целосно различен од земјоделието.
Веројатно соочени со меѓународната истрага, двајцата ко-сопственици неделава го сменија управителот на компанијата и на тоа место седна човек со исто презиме со еден познат скопски адвокат.
Во нардните денови Радио Лидер ќе објави повеќе продолженија на темата.