Исто така, компаниите треба да го почитуваат и она што е на агендата на Европската Унија, а тоа е „Зелениот договор“ за зашита на животната средина.
-Покрај грижата во однос на работната сила, компаниите треба да се фокусираат и на она што е на агендата на Европската Унија и Германија, тоа е „Green deal“ за заштита на животната средина. Од 1 јануари 2022 година во Германија стапува во сила Законот за добавувачи, каде што компаниите кои сакаат да извезуваат во Германија и да бидат добавувачи на германски компании треба да исполнуваат одредени стандарди, како што се стандарди во однос на почитување на човекови права, работнички права заштита на животната средина при производството, рече Патрик Мартенс.
Тој додаде дека локалните компании ои што работат за германскиот пазар треба најмногу да се подготват за овие предизвици, за да бидат и во иднина конкурентни.
Како што посочи, она што им се допаѓа на германските инвеститори е законската рамка во Македонија, која е многу слична на европското законодавство, и од тие причини тие се одлучуваат своите инвестиции да ги реализираат тука, бидејќи можат да се ослонат на слични закони.
-Германската компанија која е крајниот купувач едноставно ја носи одговорноста пред судот и пред законот во однос на исполнувањето на стандардите од сите компании кои биле нејзини добавувачи, дека секој добавувач се придружува до новиот Закон за синџир на добавувачи, и секогаш ќе гледа да работат со компании кои ќе ги исполнуваат тие закони и им даваат таква сигурност, додаде Мартенс.
Во однос на очекувањата за економската соработка меѓу Германија и Македонија за 2022 година, тој посочи дека се позитивни, и очекува позитивен раст и зголемување, но се разбира, како што додаде, она од што зависи извозот и производството е интернационалниот синџир на добавувачи, од кои зависат и германските инвеститори во земјава.
-Состојбата кај германските инвеститори во Северна Македонија е многу добра. Тие се задоволни од работата тука, планираат да ги прошират и зголемат своите инвестиции во следниот период. Но она што треба да го запазиме е пазарот на трудот, односно да им понудиме перспектива на младите луѓе да останат во земјава и исто така да им дадеме можност да бидат вработени во добри перспективни компании, додаде Патрик Мартенс на денешниот брифинг.