Според искажаното, од Буџетот се издвоени 1,9 милиони денари, кои ќе опфатат околу 60.000 работници.
– Исплата на работниците ќе биде во распон од 14.500 денари до 21.770 денари по месец, во зависност од процентот на намалување на приходите на компаниите во претходните 3 месеци. Исто така, 50 проценти од исплатата-помош да се трансформира во грант, без никакви услови. За оние пак, кои во текот на годината, ќе инвестираат во основна опрема, целата исплатена помош ќе биде трансформирана во грант-средства, вели Бесими.
Тој исто така посочи дека денес во Владата ќе биде разгледан шестиот пакет мерки, за кој понатаму ќе ја известат и јавноста.