Малолетник бил физички нападнат од свој соученик во основно училиште на подрачјето на скопската општина Аеродром. Инцидентот бил пријавен во полициската станица од страна на мајката на повреденото дете.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 06.11.2026 година во 17:45 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена пријавила дека претходниот ден, на 05.11.2026 година, во училишниот ходник нејзиниот син бил нападнат со тврд предмет.

Од полицијата информираат дека се преземаат сите потребни мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.