Полицијата во Куманово поднесе кривична пријава против двајца жители на градот Б.Ј. (47) и Т.Ј. (28), осомничени дека нападнале полициски службеници за време на извршување на службени дејствија. Двајцата се товарат за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „телесна повреда“, а помладиот осомничен и за „спречување службено лице во вршење на службени дејствија“.
На 23.08.2025 во с.Макреш, општина Старо Нагоричане, пријавените, физички нападнале полициски службеници додека извршувале службени дејствија.
