Шеесет и осумгодишна жена од Скопје била физички нападната од нејзиниот син во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар. Случајот бил пријавен во полицијата во вечерните часови.
На 25.11.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје, 68-годишната жена пријавила дека на 22.11.2026 во домот на подрачјето на Бит Пазар претрпела физички напад од страна на нејзиниот 47-годишен син Б.М. од Скопје.
Полициските службеници преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на пријавениот настан.
