Вели дека остануваме посветени на европската иднина. Рече дека посетата на Фон Дер Лајен е охрабрување да продолжиме по тој пат.
Таа вели дека иднината на Македонија е во ЕУ.
– Ве сакаме кај нас, ЕК и самата јас стоиме на тоа. Вие постигнавме извонреден напредок и донесовте храбра одлука, и сега ЕУ треба да испорача, рече Фон Дер Лајен.
Вели дека сега треба да се опорави економијата која беше парализирана поради пандемијата. Нагласи дека донираа вакцини за Македонија. Фон Дер Лајен повика на масовна вакцинација.
– Знаеме колку е важна вакцинацијата во овој прекрасен регион, го видов тоа додека се возев, рече таа.
Фон Дер Лајен рече додаде дека младите заслужуваат позелена, подигитална иднина. Вели дека на економијата и треба трајно закрепнување.