Претседателката на ЕК на виртуелната конференција во рамките на овогодинешната Зелена недела на која се разговара за светските предизвици и можности без загадување рече:
-Загадувањето му се заканува на преживувањето на повеќе од милион растителни и животински видови, на копно и на море, и е една од петте главни причини за губење на биолошката разновидност
Таа додаде дека луѓето повеќе не смеат да бидат невнимателни и дека здравјето на планетите е тесно поврзано со нивното здравје. Таа истакна дека загадувањето не познава граници и дека европските стандарди мора да станат глобални и дека Европа е решена да се справи со предизвикот.
Зелената недела овозможува интеракција и соработка на сите кои имаат амбиција да постигнат нулта стапка на загадување. Граѓаните на ЕУ имаат можност да научат за Акциониот план „Кон нулта загаденост на воздухот, водата и почвата“ усвоен од Комисијата на 12 мај 2021 година.
Овој оперативен документ е клучен за постигнување на Европскиот зелен план, кој ги води земјите-членки кон поправедна, поодржлива и почиста економија.
-Ова е наше загадување. Ние сме причина за тоа и затоа имаме огромна обврска да постапуваме, рече на конференцијата Вирџиниј Синкевичиус, европски комесар за животна средина, океани и риболов.
Од друга страна, тој смета дека „нулта ниво на загадување е одлична можност“ затоа што дава нови можности за вработување. За таа цел, важно е да се свртиме кон иновациите, рече тој.
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебреизус рече дека „здравата планета е колективна одговорност“.
На панелот присуствуваа јавни личности кои повикаа на итна акција, меѓу нив и наградуваната фотографка Менди Баркер, која веќе десет години предупредува на проблемот со акумулација на пластичен отпад во морињата.
Иако ЕУ направи значителен напредок во намалувањето на загадувањето во последните децении, сепак има значително влијание врз здравјето на граѓаните и може да предизвика голем број болести. Се проценува дека во ЕУ, загадувањето предизвикува еден од осум смртни случаи секоја година. Нееднаквостите поврзани со изложеноста на загадување се забележуваат кај одредени групи на население во ЕУ и меѓу регионите.
Со поддршка на голем број иницијативи, како што е амбицијата за нулта загадување, Европскиот зелен план предвидува подобрување на квалитетот на воздухот, водата и почвата до 2030 година. Исто така, се планира да се намали количината на отпад и изложеноста на бучава од сообраќајот.