Министерството за надворешни работи на Велика Британија ги повика луѓето во градот Газа да ги следат наредбите за евакуација.
Израелската армија претходно им порача на тамошните цивили, околу 1,1 милион луѓе, да се евакуираат во јужниот дел на Газа во рок од 24 часа поради нивна безбедност.
– Израелската војска утринава соопшти дека целото население на Газа северно од Вади во Газа треба да се пресели во јужниот дел на Газа во следните 24 часа. Ве советуваме да ги следите овие совети издадени од израелските власти. Свесни сме дека ова е брзо менување на ситуацијата и претставува значителни ризици, се вели во соопштението на Форин Офисот.