Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека се засадуваат 60 нови садници во Градскиот парк со цел да се санираат последиците од невремето.

„По вчерашната голема акција за расчистување, уште денес започнавме со засадување на 60 нови садници јавор и јасен. Тие ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и нов живот во зелената структура на паркот“, истакна Ѓорѓиевски.

Исто така, тој посочи дека Градскиот парк ќе го оплеменат со уште повеќе дрвја, зеленило и нови содржини.

„На местото на секое паднато дрво ќе никне нова надеж, а паркот повторно ќе биде уште позелен, поубав и подостоен за скопјани. Паралелно, нашите екипи продолжуваат со санирање на штетите низ целиот град. Невремето може да собори дрвја, но не може да ја собори нашата волја, Скопје да е посилно и позелено од порано“, нагласи градоначалникот.