БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: На социјалните мрежи се шири нова измама каде преку Нетфликс се одземаат информации од кредитни картички.
Меѓу многутемина кои ја добија ваквата порака беше и еден наш вработен од Радио Лидер. На неговиот телефон пристигна следнава порака:
NetfIix: сметката е суспендирана, обновете на https://t.co/nGFbmy2nzo www.obnovanapretplata.com
Новата измама се однесува на крадење информации преку наводна сметка за Нетфликс. Се испраќаат пораки каде лажно се вели дека е истечена претплатата, а тоа води кон сајт каде треба да се внесе и сметката.
За ова информираа и други граѓани на социјалните мрежи.