Според весникот, некој очигледно не се снаоѓа со политиката на „морков и стап“. Заев е преставен како зајак со големи уши, кој излегува од шешир на масата на ЕУ.

Насловната страница на бугарскиот весник „Сега“ денеска ја краси карикатура на македонскиот премиер Зоран Заев, посветена на вчерашниот состанок на лидерите на земјите-членки на ЕУ, на кој Македонија уште еднаш се соочи со бугарското вето.