Резултатите ќе бидат претставени пред членовите на Претседателството, а потоа и јавноста ќе биде информирана за одлуката
Во органоците на Алијанса за Албанците денеска се одржа референдум на кој членовите на огранските собранија одговараа дали се за или против влез на партијата во Владата. Референдумот, како што информираат од Алијанса за Албанците, е спроведен преку онлајн прашалник.
„Резултатите ќе бидат претставени пред членовите на Претседателството, а потоа и јавноста ќе биде информирана за одлуката“, најавија од АА.
Референдумот во АА се одржа на предлог на претседателството на партијата.
Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари пред два дена за преговорите со владините претставници најави дека повеќето прашања се затворени и дека се договорени поголемиот дел од точките за нивни влез во Владата.