Лидерите на најмоќните економии во светот, собрани во Рим на самитот Г-20, кој завршува денеска, утринава прошетаа по улиците на „вечниот град“ и фрлаа парички во познатата фонтана ди Треви.
Според легендата, ако фрлите паричка во барокната фонтана која била дел од многу филмови, вклучувајќи го и „Слаткиот живот“ на Фелини, ќе се вратите во Рим, објави АП.
Во фрлањето монети во фонтаната не учествуваа сите лидери на Г20, па затоа беше забележливо отсуството на американскиот претседател Џозеф Бајден.
Паричката од едно евро што секој од учесниците ја фрли во фонтаната беше специјално изработена за самитот на Г20.
Инаку, Фонтаната, еден од најпознатите симболи на Рим, поминала низ бројни фази во кои го променила својот изглед, така што нејзиниот сегашен дизајн е создаден во средината на 18 век.
Традицијата на фрлање монети, според историчарите, започнала во осумнаесеттиот век кога германскиот археолог и истражувач Волфганг Хелбиг, по долг престој во Рим, решил да фрли паричка во Фонтаната Треви, надевајќи се дека тоа ќе му помогне да се врати во „вечниот град“.“, како што уште го нарекуваат Рим.
Повеќето туристи кои го посетуваат Рим одлучуваат да стават паричка во познатата фонтана.
Според официјалните податоци, дневно се собираат околу три илјади евра, што е повеќе од еден милион годишно.
Според договорот меѓу градските власти и добротворната организација на Католичката црква „Каритас“, парите од фонтаната ди Треви се користат за добротворни цели.