Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, попладнево се сретна со неговите противкандидати за градоначалници Теодора Димитровска од ДОМ/ЛДП, Тони Михајловски на ВМРО-ДПМНЕ и Беким Салиу од Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива.
„Куманово мора да продолжи да се развива! Ветувам дека по победата на локалните избори ќе ги разгледам програмите на моите против кандидати и добрите проекти ќе ги инкорпорираме во една програма која ќе значи добробит за сите кумановци.
Граѓаните заслужуваат подобар квалитет на живот, понапредна општина, почисто и зелено Куманово. Ве повикувам на 31-ви октомври да го продолжиме патот кон европско и модерно Куманово!“, рече Димитриевски.