Информацијата дека Филиповски, познат како Цанде, до скоро живеел на Водно циркулираше низ јавноста подолго време.

Денеска на социјалната мрежа Твитер се појавија и официјални фотографии од Избирачкиот список, каде со едноставно внесување на матичниот број на било кој граѓанин може да се направи увид во тоа во кое гласачко место тој гласа.

Во случајот на Филиповски, јасно може да се види дека до неодамна неговото гласачко место било со број 2801 во училиштето „Кочо Рацин“ на Водно, а на наредните избори тој ќе гласа во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче.

Неговата кампања, речиси целосно се базира врз претставување како единствен кандидат кој е Аеродромец, но после овие факти и докази ќе треба сериозно да размисли каква приказна ќе продава.