Во овој документ од Министерството за образование и наука испратен до претседателот на Собранието, се вели дека претходно доставениот допис за доделување на наградата се повлекува, наводно поради пандемијата со коронавирусот.
Со овој потег, Царовска се дрзнува да ја ускрати наградата на капитални интелектуални творци како академик Катица Ќулавкова или проф. д-р Соња Генадиева-Ставриќ и многу други кои дале придонес за Македонија.
Останува Царовска и МОН да одговорат на прашањето – дали овој потег кој доаѓа во време на тензичните односи помеѓу Македонија и Бугарија е поврзан со одредени потези на Владата на Зоран Заев насочени кон бришење на македонската историја пред 1945-та и признавање токму на Гоце Делчев како херој на Бугарија, а не и на Македонија? Дали овој чин е поврзан со бришењето на историјата и идентитетот на Македонија и Македонците?
Погледнете го документот за кој станува збор: