Филипче за Нова година замина за Дубаи

Фотографии од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, направени на аеродромот во Венеција, Италија, се појавија на социјалните мрежи, при што во објавите се тврди дека тој замина за Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.

Според наводите што ги придружуваат фотографиите, Филипче бил снимен додека се наоѓал на аеродромот во Венеција, од каде, како што се тврди, фаќал лет за Дубаи.

Објавата е споделена на Икс профилот „Механичарот“, каде што се поставени фотографии на кои Филипче е прикажан заедно со членови на неговото семејство на аеродромот.

„Венко Филипче штотуку сликан на аеродром Венеција како патува во Дубаи. Се скара со цела држава и за Нова година во Дубаи, вака на власт не се доаѓа“ – се вели во објавата на Икс профилот Механичарот.