Со извици „Никогаш северна, само Македонија“, и пеење „Бисер балкански“, започна мирниот протест пред Владата со кој се бара ослободување на осудените за упадот во Собранието на 27 април.
Организтор на протестот се македонски заедници и организации од дијаспората, а повод како што велат се настаните во Собранието на Македонија на 27 април.
Протестот започна во 18.30 пред зградата на Владата каде беше прочитана Декларација со барања, а потоа продолжи со марш преку центарот до Собранието.
Организаторите повикуваат на протестот да им се придружат сите граѓани, но и политички партии и здруженија.
Според организаторите на протестот, обвиненијата за тероризам на затворените за 27 април се политички монтирани. Тие бараат Врховен суд да го поништи судењето и да има ново, оти имало лажни сведоци.
Учесниците на протестот пеат патриотски песни и скандираат „Никогаш северна, само Македонија“, како и „Слобода за браќата“.
За влезот во Собранието во 2017 година, судечкиот совет предводен од судијката Добрила Кацарска пресуди вкупно 211 години затвор за обвинетите во овој случај.