Костадинов пред и после гласањето на Петтиот пакет антикризни мерки во Собранието постојано пишуваше коментари насочени против опозицијата, како и пофалби за својата партија и функционерите кои позитивни на Ковид-19 дојдоа во Собранието.

Неговите објави, предизвикаа гнев кај голем дел од граѓаните, кои во делот за коментари не штедеа зборови да го критикуваат потегот на власта, како и неговите провокации.

Овие граѓани, кои го критикуваа носењето на заразени пратеници во Собранието, тој ги нарече „ВМРАНА“ и „НЕУТРОВМРАНА“.

По оваа „лавина“ од реакции, критики и негативни коментари, денеска Костадинов, кој е портпарол на владејачката партија и претставник на граѓаните, односно пратеник во Собранието, се одлучи за поинаков потег – да забрани коментари од корисници кои тој не ги следи, односно сите кои би можеле да го критикуваат.