Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски сподели дека денес се уредува зелен коридор долж улицата „Ѓорче Петров“, каде истовремено се реконструира пешачката патека во должина од околу четири километри, која секојдневно ја користат илјадници граѓани.
„Продолжуваме со изградба на зелени коридори низ целиот град, затоа што тие го намалуваат загадувањето, ја ублажуваат жештината, создаваат природна сенка и го претвораат урбаниот простор во поздраво и попријатно место за живот. Скопје мора да биде град во кој зеленилото не е исклучок, туку стандард. Град во кој секој нов проект носи повеќе дрвја, повеќе сенка и поквалитетен живот за граѓаните“, истакна Ѓорѓиевски.
„Скопје мора да биде град во кој зеленилото не е исклучок, туку стандард“, нагласи градоначалникот.
