Во онлајн просторот веќе се вртат онлајн петиции за смена на „бордо“ дресот – боја со која никој не ја поврзува државава, а фановите бараат да севрати препознатливиот жолто-црвен дрес.
Свое мислење за дресот даде и капитенот и најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата, Горан Пандев кој на својот Инстаграм профил објави две фотографии од претходните дресови на репрезентацијата јасно алудирајќи дека бојата на истите мора да биде црвена.
Европското првенство стартува за две недели па ќе видиме дели Сејдини и неговата екипа од ФФМ ќе реши да го послуша „гласот на народот“.