Почетокот на новиот квалификациски циклус и официјалниот дуел против селекцијата на Луксембург беа одлична можност за Ракометната федерација на Македонија и домашните навивачи да му оддадат признание на Никола Маркоски за неговиот огромен придонес во националниот дрес.
Пред почетокот на натпреварот во спортскиот центар „Борис Трајковски“, поранешниот пикер доби специјален подарок, врамен репрезентативен дрес со своето презиме врачен лично од претседателот Стефанов. Маркоски се појави на паркетот придружуван од своите деца, при што беше поздравен со громогласен аплауз од публиката и прегратки од репрезентативците.
Маркоски во текот на изминатото лето стави официјален крај на својата богата ракометна кариера. Тој во моментов ги извршува обврските како дел од стручниот штаб на македонскиот суперлигаш Мулти Есенс.
