Русија објави дека сите четворица обвинети за нападот во близина на Москва ја признале вината. Владината прес-служба ги соопшти деталите и наведе како ќе им се суди понатаму.
Медиумите наведуваат дека четворицата Таџикистанци пристигнале во судот на седницата зад затворени врати повредени. Според рускиот сервис на Би-Би-Си, сите четворица имале знаци на тепање. На фотографиите и видеата во светските агенции еден имаше преврзана глава, друг дојде во инвалидска количка.
„Нема милост кон терористите“
Освен тоа, на други канали блиски до властите во „Телеграм“ се дистрибуираа слики, според кои на едниот му го отсекле увото, а другиот го мачеле со струен удар.
Тие остануваат во притвор до 22 мај. Обвиненијата за извршување на терористички акт може да ги одведат во затвор до крајот на нивниот живот.
ИСИС и Таџикистан
Москва упати сомнежи кон ИСИС, но и кон Зеленски, Украина и САД. Инаку, Исламска држава (ИД) има многу акции и бази во Таџикистан. Оттука се поврзува нивната вмешаност, а и самите тие според одредени медиуми веќе ја презеле вината.