На социјалните мрежи почнаа да кружат слики од стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид каде пред 10-ина дена се играше натпреварот за пласман во Лига шампиони на Струга ТЛ. Таму се играа европски натпревари со Жалгирис и Будуќност, а погледнете сега како изгледа теренот со смет на него.

Прашање е дали до недела, кога веќе стартува фудбалската сезона во ПМФЛ на овој стадион и тоа како ќе се играат многу важни фудбалски натпревари и дали ќе биде вратен во првобитна состојба?

Погледнете ја фотографијата од теренот моментално.

Целосно во ред е како и во другите земји, на големите стадиони се одржуваат мега – концерти, но теренот мора соодветно да се заштити.