Веќе четврти ден откако започна изборната кампања, а партиите атакуваат да го освојат секој можен глас од граѓаните. Токму затоа, политичките партии во предизборието ветуваат многу работи од кои многу не можат да ги исполнат, па и пишуваат многу работи кои самите тие не ги прават во пракса.

Мнозинството такви работи може да ги забележиме од повеќе кандидати од владејчакта партија, а еден од нив е и Коста Костадинов кој е кандидат за градоначалник од СДСМ за Струмица. Тој во една од своите објави на социјални мрежи, пишува дека „Богатството на еден народ е во неговата култура на живеење“, а самиот тој е антипод на ова. Прашањето е дали секој граѓанин може да си овозможи скапа брендирана облека и, како што пишуваат граѓаните на социјалните мрежи, маичката и дуксерот да бидат во тон со скапа брендирана облека.

Прашањето кое ги интересира граѓаните е за која култура зборува Костадинов? Дали секој граѓанин со просечни примања може да си дозволи да биде во тон од маичка до патики во скапи брендови или станува збор за луксузирање со пари земени од државата? Оваа слика објавена на социјалната мрежа „Инстаграм“ Костадинов повеќе личи на лице кое рекламира скап бренд отколку на политичар кој треба да работи за доброто на граѓаните.

Според инфорамциите, Костадинов е еден од најскапо облечените кандидати за градоначалник, а тоа може да се заклучи по сликите кои ги објавува на социјалните мрежи со скапи брендови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kosta kostadinov (@kostadinov.kosta)

Да не заборавиме, кандидат за градоначалник на Струмица од редовите на СДСМ и најблизок соработник во партијата на Зоран Заев носи часовник во вредност од над седумдесет илјади денари и вози мотор марка „БМВ“ чија вредност е над 15.000 евра.

Тој исто така е сопственик на стан во Скопје, поточно во облакодерите „Џевахир“, а фотографиите подоле сведочат за неговото јавно појавување со скапи часовници и видео на кое вози мотор марка „БМВ“ – работи кои ретко кој Македонец може да си ги дозволи.

Во продолжение може да погледнете и колку чини часовникот на Костадинов.