Министерот за правда, Кренар Лога денеска потпиша две барања за екстрадиција. Станува збор за екстрадирање на популарниот Шеваљ Муареми за кој постојат сомнежи дека бил дека од меѓунаордна криминална група. Освен него потпишана е екстрадиција за Мухамед Чајани којшто досега не е познат за пошироката јавност, но според информациите се поврзува со ликвидацијата на Јетон Кривањева и Енес Исени.
Министерството за правда со барање до ОАЕ
Од министерството за правда појаснуваат дека екстрадацијата е испратена до Обединетите Арапски Емирати. Според останатите информации со нив се поврзуваат убиства, обиди за убиства, наркотици и слични криминални активности. Од досието, најпознат на јавноста е Шеваљ Муареми од Грчец.
МВР распиша меѓународна потреница по 46 годишниот Шеваљ Муареми. Неговото име се поврзува со нерасчистени убиства и останати сомнителни криминални активности. Но, кој е Муареим и зошто е распишана потерница?
Муареми е во бегство – со кој соработувал?
Дел од групата Грчец е во притвор, но поголемиот дел од неа, на чело со водачот Шеваљ Муареми, е во бегство. При полициската истрага се користени податоци од апликацијата „Скај“ која на криминалците им служела да ги сокријат плановите и доказите пред органите на прогонот.
-Но, со странска помош, податоците од „Скај“ се предадени на МВР по што се утврдени многу докази за злосторства на групата Грчец. Во Македонија имало околу 1.800 телефони со апликација Скај за енкриптирање односно шифрирање на комуникацијата, а сега истрагата се шири и на полицајци, началници, судии и обвинители за кои има сомнежи дека соработувале и давале податоци на групата, открива КОД во текот на претходниот месец.
За што се терети групата „Дуќанџик“?
Криминалната група од Грчец предводена од Шеваљ Муареми и убиените водачи на „Дуќанџик“, Орхан Бајрами Оки и Јетон Кривањева Жила, според информациите кои во јануари годинава ги соопшти министерот за внатрешни работи пред околу еден месец Оливер Спасовски, се товари за еден обид за убиство, убиство на албански државјанин како и двојно убиство во Топанско поле.
Шеваљ Муареми во друштво на политичари
Муареми од Грчец честопати можевме да го видиме во друштво на политичари, па така тој има и фотографии со техничкиот премиер, Талат Џафери.
Каде се наоѓа Шеваљ моментално?
Муареми има 46 години, а според информациите кои кружат во јавноста тој честопати бил надвор од државава и покрај тоа што не е евидентирано дека ја напуштил државата. Неофицијално, тој често патувал за Шпанија и Дубаи. Моментално, според министерот Кренар Лога и според информациите тој се наоѓа повторно во Дубаи. Затоа утрово беше потпишање барање за екстрадиција до Обедединетите Арапски Емирати (ОАЕ).