Тој очигледно не гледа ништо спорно во тоа што речиси гол отишол да пазари, а многумина во коментарите го поставуваат прашањето дали оваа белградска продавница има обезбедување.
Човекот само по долна облека и со корпа во раката се упатил кон месарата во рамките на маркетот, а што точно купил, никој не знае.
View this post on Instagram
-Дали таа продавница има обезбедување? Можеби човекот се бањал во фонтана па дошол по сладолед, стои во еден од коментарите под објавата.
Некои луѓе коментираат дека е „подобро така отколку маска на глава“, а други пишуваат дека летото официјално започнало.
Од друга страна, многумина помислуваат дека станува збор за облог, пишува Б92.