Премиерот Христијан Мицкоски денес присуствуваше на промоцијата на новиот тркачки болид на нашиот трофеен автомобилист Игор „Иџе“ Стефановски.

-Ми беше чест да бидам дел од овој посебен момент и да дадам поддршка на еден од најголемите амбасадори на македонскиот автомобилизам.

Му посакувам многу здравје, безбедни трки, уште повеќе победи и трофеи, а македонското знаме да продолжи гордо да се развева на победничките подиуми ширум светот.

Напред кон нови успеси, Иџе!, објави Мицкоски.