Премиерот Христијан Мицкоски остварил тет-а-тет средба со претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама, на која разговарале за унапредување на билатералната соработка, зајакнување на добрососедските односи и продлабочување на партнерството меѓу двете земји.
Мицкоски за средбата информираше преку објава на својот профил на Фејсбук, посочувајќи дека двете земји продолжуваат да градат односи засновани на доверба, меѓусебно почитување и заеднички интереси.
„Разговаравме за унапредување на билатералната соработка, зајакнување на добрососедските односи и продлабочување на партнерството меѓу двете земји. Продолжуваме да градиме односи засновани на доверба, меѓусебно почитување и заеднички интереси“, напиша Мицкоски.
