На влезот од Старата скопска чаршија започна акција за отстранување на диво поставени и заградени објекти. Целта е да се зачува достоинствениот изглед на овој историски дел од градот и да се спречи понатамошно нарушување на просторот.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изјави дека општината нема да дозволи узурпирање на јавен простор и најави редовни контроли во иднина. Според него, зачувувањето на редот и безбедноста е од клучно значење за туристичкиот и културниот развој на чаршијата. Акцијата ќе продолжи и во другите делови каде што е забележано незаконско поставување на објекти.

За потсетување, Општина Центар издаде решенија за отстранување на 10 диви објекти за продажба поставени на плоштадот „Филип Втори“ и на влезот на Старата скопска чаршија. Бидејќи сопствениците не ги отстранија објектите во наведениот рок од 5 дена, Општина Центар го прави тоа.