Нема повредени лица во пожарот што избувна денеска во автобус на ЈСП „Скопје“ без патници, кој сообраќал на Средно Водно.

Пожарот е изгаснат со интервенција на две возила и седум пожарникари од Скопската бригада за противпожарна заштита.

Благодание брзата реакција и присебноста на возачот кој го паркирал на соодветно место, пожарот не се проширил во околината.

Фото: Миа