Студениот бран кој го зафати целиот балкан, и донесе невообичаено ниски температури на воздухот, освен што донесе снежни врнежи во Алпскиот регион, тој донесе снежна бајка и на планинските врвови во соседна Бугарија.

Снегот паѓаше на врвот „Мусала”, на планината Рила во Бугарија на надморска височина од 2925 метри. Овој е највисокиот планински врв на Балканот.

Регионот инаку беше погоден од силно невреме изминатиот период, а особено во Словенија невремето предизвика катастрофални поплави, а одзема и неколку човечки животи.