Министерот за здравство Арбер Таравари, по посетата на Клиничката болница во Штип изјави дека дваесеттина најтешко повредени пациенти од пожарот во дискотека во Штип ќе бидат пренесени на лекување во странство

Според Таравари, пациенти на лекување ќе бидат транспортирани во Бугарија, Турција, Грција и Белград, а третман понудиле и од Албанија и Холандија.

Првите три пациенти од Клинички центар тргнаа со возила опремени за интензивна нега за болницата Папаниколау, Солун.

– Двајца пациенти кои се хоспитализирани во Градската општа болница „Св. Климент Охридски“ се транспортираат со возила на приватната клиника „Жан Митрев“.