ВМРО – ДПМНЕ со демант на информациите на Артан Груби дека Арбен Таравари  бил во седиштето на нивната партија.

Прашуваме од каде знае Артан Груби кој е во Австрија (пазарејќи во еден од луксузните продавници на Гучи, Барбери и Версаче) дали Арбен Таравари бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Таравари не беше во ВМРО-ДПМНЕ, а воедно ја разбираме нервозата и фрустрацијата на Груби поради броените денови во власта.

Наместо соопштенија во име на медиум и негова злоупотреба како да е прес центар на ДУИ, наредниот пат може да пушти соопштение и од својот личен маил. Се разбира под услов да е точно и вистинито.