Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на својот фејсбук профил објави дека се ревакцинирал и напиша:

– Денеска ја примив втората доза против вирусот ковид-19. Сакам да изразам огромна благодарност до здравствените работници кои со нивната неуморна и секојдневна работа овозможуваат вакцинацијата да се одвива брзо и ефикасно. Вакцинацијата е најефикасниот начин да и ставиме крај на пандемијата и ги охрабрувам скопјани масовно да се вакцинираат. Сите вакцини се безбедни, ефикасни и спасуваат животи. Вакцинирај се!