Во скопски Аеродром утрово избувна пожар, а противпожарните екипи веќе интервенираат на терен.

 

Причината за пожарот сè уште не е позната, но според првичните информации од очевидци станува збор за тоа што се запалил аспиратор кај еден од станарите.

Освен противпожарните екипи, можевме да забележиме и полициски возила како и голем број на собрани граѓани. Иако кај граѓаните имаше паника, сепак како што се нашите информации нема повредени, ниту пак посериозни штети.