Македонија вечерва тргнува по првата победа во новиот мундијалски квалификациски циклус.

На националната арена „Тодор Проески“ од 20:45 ќе започне мечот против Лихтејнштајн во 2. коло.

Фудбалерите пристигнаа на нашиот најголем стадион, а наскоро ќе го започнат и официјално загревање пред мечот.

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски се одлучи за неколку измени во старниот состав во однос на оние кои истрчаа од првата минута против Романија.

Димитриевски останува на голот, во одбраната се Стефан Ристовски, Муслиу, Кире Ристевски и Алиоски.

Средниот ред ќе биде сочинет од Радески, Спировски, Барди и Елмас, додека головите ќе ги „ловат“ Пандев и Трајковски во нападот.