Како почнаа меѓуетнички тензии за црквата во село Галате?
Имено, според досегашните информации по цели 23 години молк и незаинтересираност за оваа црква во Галате, сега се решава да се гради каде иницијатор е извесен Душко Павловски. Од јавно достапните фотографии може да се забележи дека Павловски е член и симпатизер на СДСМ. Истиот тој Павловски баш сега решил да ја расчистува и доградува оваа црква иако и самиот знаел дека имотните односи се нерасчистени.
Избрна е црквата каде имало конфликт во 2001-та година
Веројанто ова не е воопшто наивно. За предизвикување тензии баш е избрана црква на локација каде имало тензии во 2001 година. Црквата е уништена во 2001 и стои непипната од тогаш до сега.
За целата хистерија да биде уште поголема е фактот што кога доаѓа полиција по барање на локалната власт во Врапчиште, истиот лик којшто е член на СДСМ се снима и се претставува жртва. Се создава слика дека некој сака неправедно да ги апси иако вистината е поинаква.
Исен Шабани – близок соработник на Зијадин Села ги поттикнува меѓуетничките тензии
Како јагода на шлагот е и присуството на градоначалникот на Општина Врапчиште, Исен Шабани којшто е близок соработник на Зијадин Села кој е во коалиција со ДУИ. Шабани дополнително ги зголемува тензиите со арогантното однесување каде целта веројатно е повторно да се вратат немили сцени од минатото и да се поттикне меѓуетничка тензија во државава. Фотографиите ја доловуваат нивната блискост и соработка. Патем, познато е дека Зијадин Села одрба да се одвои од Арбен Таравари и да остане во коалиција со ДУИ предводено од Али Ахмети. Останува отворено прашањето: Дали лидерот на ДУИ, Али Ахмети преку Исен Шабани сака дестабилизација во државава како една од многуте алатки и полиња за дестабилизација?
Мицкоски: Ова е дел од обидот за дестабилизација
По немирите во селото Галате се огласи и првиот човек на македонската Влада, премиерот Христијан Мицкоски. Тој упати сомнежи дека ова е дел од целото сценарио за политичка дестабилизација за кое Мицкоски предупредуваше уште пред неколку месеци. Премиерот дециден е дека не треба да се создаваат етнички конфликти и тензии на етничка и верска база. И покрај се премиерот вели дека ситуацијата е под контрола и уверува дека истата нема да биде нарушена.
Премиерот дополни дека ова се изолирани инциденти, а вакви ќе има и во периодот кој следува. Мицкоски алудираше на истото тоа што и редакцијата на Радио Лидер пишува во текстот погоре, односно дека има „политички активни ликови“ чија цел е идентична.
Тошковски на иста релација со премиерот Мицкоски – ова е дел од сценариото за дестабилизација
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски е на иста линија со премиерот Христијан Мицкоски. Првиот човек на македонската полиција лицата кои ги започнаа тензиите ги опиша како „политички лешинари“ и според него преку црквата во Галате целта е да се наруши безбедноста на државава. Минситерот вели дека ваквиот епилог е доказ за предупредувањата за дестабилизација и тој идентично како и премиерот вели дека можно е да има вакви сцнеарија во иднина.
Мицкоски предупреди за немири во септември
Уште на 15 август годинава, пред помалку од еден месец премиерот Христијан Мицкоски алармираше за потенцијални напори за дестабилизирање на меѓуетничката хармонија во Македонија. Уште тогаш тој посочи на одредени елементи, вклучително и поранешни функционери, кои можеби користат големи суми пари за да предизвикаат етнички конфликт.
Во меѓувреме, планираните активности на ДУИ во септември, наводно насочени кон заштита на легитимитетот, предизвикаа сомнеж дека тие всушност може да имаат за цел да поттикнат етнички тензии, а целта е одвлекување на вниманието од истрагите кои се водат против кланот ДУИ и нивно враќање на власт.