Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од домашна атмосфера денеска го честиташе големиот христијански празник Велигден.
Честит Велигден. Христос воскресе. Моменти поминати со семејството, бесценето…, денес јас бев задолжен за скарата, Антониј вика тато најдобра скара ти правиш (опасен политичар е тој 😁), Јован и Душица со тинејџерски “маки” 🤭, а Христијан чека тетин да заврши со кебапите на жар. Ладно пиво во рака, кебапи на жар, сонце и многу среќни, весели лица. Ви посакувам мир во душата, љубов во срцата, насмевка на лицето и Бог со нас, народе македонски!, порача Мицкоски.
Честит Велигден. Христос воскресе.
Моменти поминати со семејството, бесценето…, денес јас бев задолжен за скарата,…
Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, May 2, 2021