Неговата судбина е во фокусот откако во четвртокот рече дека чуварите го будат секој час во текот на ноќта, што е форма на тортура и дека неговото барање за лекување било игнорирано поради акутна болка во грбот и нозете. Повеќе од 20 лекари издале отворено писмо со барање 44-годишниот лидер на опозицијата да биде соодветно третиран.

– Стравуваме од најлошото. Оставањето пациент во таква состојба може да доведе до сериозни последици, вклучувајќи неповратно, целосно или делумно губење на функцијата на долните екстремитети, се вели во писмото.

Затворските власти, откако го прегледале минатата недела, велат дека неговата состојба е стабилна и задоволителна. Кремљ одбива да го коментира писмото на лекарите.

Навални денеска ја објави својата прва фотографија од затворот преку неговите адвокати. На фотографијата се гледаат неговите рамена и избричената глава и тој е облечен во затворска облека. Во истото соопштение, тој изјави дека шестпати бил опоменуван за две недели за помала непослушности.

– Две опомени се доволни за самица.Условите таму се близу до тортура, објавил тој.

Навални минатиот месец доби две и пол години затвор под обвинение за кое тврди дека е политички мотивирано. Тој беше уапсен по враќањето во Русија во јануари од Германија каде се лекуваше од труење со нервен отров. Неговиот татко наводно денеска бил приведен.

Западот, вклучително и Европскиот суд за човекови права, бара од Русија да го ослободи Навални. Москва оценила дека ваквите барања се неприфатливо мешање во внатрешните работи.

Соработниците на Навални минатата недела објавија дека планираат да организираат голем антивладин протест, најголем во историјата на модерна Русија. Датумот сè уште не е утврден, а досега преку 355 000 лица се регистрирале преку Интернет. Властите сметаат дека ваквите протести се незаконски.