Џани Инфантино, претседателот на ФИФА беше жестоко критикуван за неговото однесување на погребот на славниот Пеле.
Светските медиуми објавија како Инфантино направил селфи покрај отворениот ковчег, наведувајќи колку било срамно од страна на првиот човек на светската куќа на фудбалот.
Инфантино проговори и објасни што навистина се случило.
-Би сакал да појаснам дека ми беше чест што соиграчите на големиот Пеле и членовите на семејството ме прашаа дали можам да направам неколку фотографии со нив. Веднаш се согласив. Што се однесува до самото селфи, соиграчите на Пеле не замолија да направиме селфи сите заедно, но не знаеја како да го направат тоа. За да бидам од помош го земав телефонот на еден од нив и ги сликав сите. Имам многу почит и восхит кон Пеле и јас не би направил никакво непочитување на кој било начин. Се надевам дека оние кои објавија или кажаа работи без да знаат и без да бараат информации ќе имаат пристојност и храброст да признаат дека згрешиле и да го поправат тоа што го кажале, рече Инфантино.
Пеле беше погребан во Сантос со големи почести и огромен број луѓе.