Речиси секој национален тим неделава се соочува со сопствени проблеми кога станува збор за списоците на репрезентативци за следниот репрезентативен прозорец во рамките на Лигата на нациите. Селекциите се погодени од откажувања, повреди, суспензии и по некој мини скандал, како што е случајот во националниот тим на Белгија.

Селекторот Марк ван Бомел стандардно на својот список го впиша стоперот на Милан, Кони Де Винтер, кој одлучи да не се јави на повикот и целосно да го игнорира. Во директен телефонски разговор со белгискиот селектор, Де Винтер соопштил дека во моментов не се чувствува подготвен да настапува за националниот тим.

Јавноста во Белгија коментира дека ваквиот потег многу веројатно е тесно поврзан со фактот што за време на изминатиот репрезентативен прозорец, низ четири одиграни натпревари, дефанзивецот на Милан не доби ниту една минута на теренот.

Селекторот Марк ван Бомел истакна дека одлуката е личен избор на самиот фудбалер, но предупреди дека таквиот чекор нема да помине без санкции.