По подолго време, екс премиерот Зоран Заев се јави на неговиот фејсбук профил, со нејасна порака и нелогична компарација меѓу Путин и Делчев.

Дали сме за воена агресија или за културен натпревар меѓу народите? За Путин или за Делчев?
За агресија или за слободa?
Имаме само еден избор и мораме да го направиме тој избор.
Нема неутралност по овие прашања, напиша тој на својот фејсбук профил.

-На ова следуваа низа коментари во кои граѓаните во најголем дел се потсмеваа со „големата филозофска мисла“ на Заев:

Аман, Зоран Заев… контролирајте си ја еуфоријата… Путин или Делчев

То Зоќе филозофу и мислителу наш!

Тебе не те лекува ни најмоќен еким

МНОГУ ЈАКА ТРЕВАТА А ???, беа дел од коментарите.

Но, секако имаше и такви кои упатија позитивни коментари до екс премиерот Заев.