Вчера членовите на СДСМ гласаа на првите непосредни избори за партиски лидер. На социјалните мрежи се објавува фотографии од гласањето, кое се одвиваше по училници од основните училишта по македонските општини.
Но, според членот 11 од законот за основно образование, во сите основни училишта се забранува политичко и верско организирање и истакнување на партиски и верски обележја.
Покрај училиштата, и други државни ресурси беа ставени во функција за партиските избори во СДСМ, како домови на култура, музеи, сали на општински совети.
Додека бројот на заболени и починати расте, СДСМ спроведува избори во 80 општински организации, на вкупно 237 избирачки места.