3.590 таблети „Трамадол“ е спречено да се пренесат кон Данска.
Се обидел да го фрли багажот преку ограда
Според информациите, на граничниот премин се случувало вистинска драма, а патникот се обидел да го фрли багажот преку ограда.
Кога автобусот е ставен на мобилен скенер, додека секој од патниците го извадија својот личен багаж надвор од автобусот, патникот се обиде да го искористи моментот и ја фрли торбата преку жичената ограда на царинскиот терминал Табановце. Во ова е воочен од страна на еден од инспекторите, при што веднаш беше тргнат на детална контрола, известуваат од Царинска управа.
Познато како ги криел лентите
Во неговиот личен багаж, во ракави на блузи, ногавици на фармерки и во чорапи се откриени вкупно триста педесет и девет ленти со по десет апчиња „Дорета“ коишто содржат 75 мг Трамадол хидрохлорид.
Крајната цел била Данска
Случајот, инаку е откриен на излез од државата, а автобусот сообраќал на редовна линија Македонија – Данска. Против патникот, македонски државјанин, поднесена е соодветна пријава.
Во продолжение може да погледнете фотогалерија.