„Каде е и што прави летово селекторот Милевски“ се поставува како прашање откако синоќа Стефан Ристовски ја шокираше јавноста со неговото повлекување од националниот дрес.
Не се воопшто добри вестите во последно време поврзани со македонската фудбалска репрезентација. Пред два месеци загубивме дома од Украина по водство од 2:0, потоа следуваше највисокиот пораз во историјата, 7:0 од Англија, а на неполн месец пред дуелот со Италија, капитенот крена рачна.
Оф.нет објави фотографија каде го прикажува селекторот Милевски дека лови риба додека репрезентација „се распаѓа“.